Алуминиумските ролетни го усовршуваат визуелниот аспект на вашиот дом или работен простор и ви гарантираат енергетска ефикасност. Заштитуваат од студ, топлина, бучава, љубопитни очи и нудат зголемена безбедност од провали.
Доколку сакате просториите да ви бидат заштитени од сонцето, со удобност и подобрена безбедност, алуминиумските ролетни се вашиот избор.
Тие се достапни во различни бои, прилагодливи за вашите прозорци, врати или фасадата на објектот.
Алуминиумските ролетни се особено познати по својата енергетска ефикасност. Секоја ламела содржи инјектиран полиуретан што обезбедува дополнителна заштита од топлина и студ. Тие ја одржуваат постојаната температура без потреба од дополнително греење или ладење.
Термичката заштита, звучната изолација и заштитата од провали ги прават овие ролетни неопходни, а истите осигуруваат и тотално затемнување на просторот.
Можете да ги управувате рачно или преку електричен мотор со далечински управувач.

