Изберете модел

АЛУМИНИУМСКИ КОМАРНИЦИ

Фиксните комарници се најекономично, но не и помалку ефикасно решение за заштита од комарци и други видови на инсекти, притоа овозможувајќи непречено циркулирање на воздухот. 

Изработени од алуминиумски профил и фиберглас мрежа обезбедуваат врвен квалитет и отпорност на корозија.

Големиот избор на бои и минималистичкиот дизајн на профилот овозможуваат компатибилност со различни модели и бои на прозорци.

Универзален систем кој може да се прилагоди на голем број градежни ситуации.

Отклопните комарници се комарници на отварање по вертикална оска кои ефективно спречуваат продор на комарци и други видови на инсекти и овозможуваат непречена циркулација на воздухот.

Изработени од алуминиумски профили и фиберглас мрежа обезбедуваат врвен квалитет и отпорност на корозија.

Крилото на комарникот е прикачено на каса со шарки, а во затворена позиција се задржува со помош на магнети.

Поради можноста за отварање тие освен на прозорци се монтираат и на врати. А големиот избор на бои и минималистичкиот дизајн на профилите овозможуваат компатибилност со различни модели и бои на прозорци и врати.

Универзален систем кој може да се прилагоди на голем број градежни ситуации.

Роло комарниците се многу популарен и ефикасен систем за заштита од инсекти поради нивната функционалност. Иновативниот дизајн ги прави едноставни и практични за употреба.

Системот работи по принцип на намотување на фиберглас мрежата на осовина во кутијата. Се управува во вертикален правец, а во затворена позиција се задржува со помош на вграден клик систем. За отварање се притиска на рачките на ламелата по што мрежата се намотува со помош на федер се до крајната горна позиција. За надолу се повлекува со помош на јаже и рачките на ламелата, а во крајната долна позиција се задржува со клик системот.

Фиберглас мрежата овозможува непречена циркулација на воздух, а кога комарникот не се користи таа може да се собере во кутијата за воопшто да не го попречува отворот на прозорецот или вратата. Кога мрежата е соберена во кутујата таа целосно е заштитена од надворешните влијанија, а останува подготвена за употреба во секое време.

Овие комарници може да се монтираат сами или во комбинација со ролетни. Најдоброто решение е тие да бидат интегрирани во кутијата за ролетни бидејќи притоа тие се лизгаат по истата вогица и не зафаќаат дополнителен простор.

Изработени од алуминиумски профили и фиберглас мрежа обезбедуваат врвен квалитет и отпорност на корозија.

Поради можноста за отварање тие освен на прозорци се монтираат и на врати. А големиот избор на бои и минималистичкиот дизајн на профилите овозможуваат компатибилност со различни модели и бои на прозорци и врати.

Универзален систем кој може да се прилагоди на голем број градежни ситуации.

Лизгачките комарници се најробустните системи достапни на пазарот за заштита од инсекти. Почетната инвестиција за нив е поголема, меѓутоа тие се поиздржливи и подолготрајни од останатите системи.

Поради масивноста на алуминиумските профили овој систем е идеален за инсталирање на прозорци и врати со поголеми димензии.

Изработени од алуминиумски профили и фиберглас мрежа обезбедуваат врвен квалитет и отпорност на корозија. Фиберглас мрежата покрај заштитата од инсекти овозможува и непречена циркулација на воздухот.

Поради можноста за отварање тие освен на прозорци се монтираат и на врати. А големиот избор на бои и дизајнот на профилите овозможуваат компатибилност со различни модели и бои на прозорци и врати.

Универзален систем кој може да се прилагоди на голем број градежни ситуации.

Плисе комарниците се иновативни системи за заштита од инсекти кои се одликуваат со модерен дизајн и висока отпорност на механички удари на мрежата.

Дизајнот на профилите овозможува комплетно сокривање на мрежата кога таа не се кориси, а со тоа се добива подолг век на траење на мрежата и компактен систем кој заштедува простор.

Изработени од алуминиумски профили и фиберглас мрежа обезбедуваат врвен квалитет и отпорност на корозија. Фиберглас мрежата покрај заштитата од инсекти овозможува и непречена циркулација на воздухот.

Поради можноста за отварање тие освен на прозорци се монтираат и на врати. А големиот избор на бои и дизајнот на профилите овозможуваат компатибилност со различни модели и бои на прозорци и врати.

Плисе комарниците може да се монтираат сами или во сколоп со ролетни.

Универзален систем кој може да се прилагоди на голем број градежни ситуации.

Тргопроект © 2024. Сите права се задржани.