изберете модел
АЛУМИНИУМСКИ ОГРАДИ
Garden
Ви ги претставуваме Garden алуминиумските огради – перфектна комбинација од елеганција и издржливост. Изберете една од трите прекрасни бои: бронза, антрацит или дрво, за беспрекорно надополнување на вашиот надворешен простор.
Изработени од некородирачки алуминиум, овие огради обезбедуваат долготрајност што значи дека вашата инвестиција би била мудра и трајна. Ниските потреби од одржување ви гарантираат мир и ви овозможуваат да уживате во вашата околина без да се грижите за честите потреби за санации како кај оградите изработени од дрво и железо.
Garden алуминиумските огради, освен за оградување на фиксни позиции, се идеални и за изработка на врати за вашиот простор. Може да се изработат два типа на врати: секојдневна врата со отварање на ментешини и врата на лизгање по шина. Вратите може да се отвараат/затвараат рачно, како и може да бидат далечински управувани со погон на електричен мотор.
Подобрете ја естетиката на вашиот дом и уживајте во придобивките од отпорниот на временски услови алуминиумски ограден систем. Изберете Garden за трајно и стилско подобрување на вашиот рај на отворено.
Merdiven
Алуминиумска ограда Merdiven – стилско решение за скали, балкони и галерии. Изберете еден од пет профили на ракохвати и два профили на столбови за да го прилагодите дизајнот на оградата според вашите преференции.
Овој модел се одликува со хоризонтално поставени алуминиумски тенки цевки со минималистички дизајн кои обезбедуваат модерна естетика и издржливост.
Алуминиумската ограда Merdiven постигнува совршена рамнотежа помеѓу формата и функцијата, подобрувајќи го вашиот простор со својот современ дизајн и приспособливи опции.
French Balcony
Алуминиумска ограда наменета за монтажа на француски балкони. Модел кој нуди можност за костумизација според вашите потреби. Исполната може да биде изработена од хоризонтално или вертикално поставени тенки цевки, стакло, како и комбинација од тенки цевки со стакло.
Можете да изберете од шест модели на ракохвати, четири модели на столбови и два модели на тенки цевки за да создадете приспособен изглед што ги надополнува вашите естетски преференции.
French Balcony алуминиумската ограда беспрекорно ја комбинира дизајнерската флексибилност со допир на софистицираност.
Надоградете го вашиот објект со совршен спој на стил и безбедност.
Pamukkale
Алуминиумска ограда наменета за монтажа на надѕидени балкони која нуди можност за костумизација според вашите потреби. Исполната може да биде изработена од хоризонтално или вертикално поставени тенки цевки, стакло, како и комбинација од тенки цевки со стакло.
Имате можност да изберете од шест модели на ракохвати, четири модели на столбови и два модели на тенки цевки за да создадете приспособен изглед што ги надополнува вашите естетски преференции.
Side
Алуминиумска ограда со исполна од вертикално поставени тенки цевки. Совршен модел за монтажа на високи објекти поради високите безбедности карактеристики како резултат на вертикално поставените тенки цевки.
Можете да изберете еден од три модели на ракохвати и два модели на столбови според вашите преференции.
Paris
Алуминиумска ограда со исполна од стакло и хоризонтално поставени тенки цевки во горна зона. Модел кој може да се монтира и на високи објекти поради високите безбедности карактеристики како резултат на стаклото и поставеноста на тенките цевки во горна зона.
Можете да изберете еден од три модели на ракохвати и два модели на столбови според вашите преференции.
Aspendos
Алуминиумска ограда Aspendos со стакло и иновативен трапезоиден ракохват, дизајнирана беспрекорно да комбинира стил, издржливост и функционалност за вашиот простор.
Изработенa од алуминиум со висок квалитет, оваа ограда не овозможува само елегантен и современ изглед, туку обезбедува и долготрајни перформанси. Присутноста на стаклени панели ја подобруваат визуелната привлечност и со транспарентноста одржуваат чувство на отвореност.
Идеална за деловни и станбени простори, Aspendos алуминиумската ограда со стакло воспоставува рамнотежа помеѓу стилот и функционалноста, подобрувајќи го целокупниот дизајн на секој простор. Високите безбедносни карактеристики поради испуната од стакло овозможуваат овој модел да се монтира и на високи објекти.
Надоградете го вашиот објект со алуминиумската ограда Aspendos – совршен спој на иновација, стил и практичност.
Marmaris
Алуминиумска ограда со исполна од стакло и вертикално поставени тенки цевки. Совршен модел за монтажа на високи објекти поради високите безбедности карактеристики како резултат на вертикално поставените тенки цевки и стаклото.
Можете да изберете еден од три модели на ракохвати и два модели на столбови според вашите преференции.
Aquarium
Алуминиумска ограда Aquarium со стакло која беспрекорно комбинира стил, издржливост и функционалност за вашиот простор.
Профилите кои се произведени од алуминиум со висок квалитет, не овозможуваат само елегантен и современ изглед, туку обезбедуваат и долготрајни перформанси. Присутноста на стаклени панели ја подобруваат визуелната привлечност и со транспарентноста одржуваат чувство на отвореност.
Кај овој модел самото стакло е структурално и поради тоа нема потреба од монтажа на столбови, а може да биде без или со алуминиумски ракохват.
Идеална за деловни и станбени простори, Aquarium алуминиумската ограда со стакло воспоставува рамнотежа помеѓу стилот и функционалноста, подобрувајќи го целокупниот дизајн на секој простор. Високите безбедносни карактеристики поради исполната од стакло овозможуваат овој модел да се монтира и на високи објекти.
Milano
Алуминиумска ограда со исполна од стакло и хоризонтално поставени тенки цевки во горна и долна зона. Модел кој може да се монтира и на високи објекти поради високите безбедности карактеристики како резултат на стаклото кое завзема поголем дел од површината на испуната.
Можете да изберете еден од три модели на ракохвати и два модели на столбови според вашите преференции.
Square
Алуминиумска ограда Square со квадратна и правоаголна форма на профилите и аксесоарите која е стилско решение за скали, балкони и галерии.
Исполната може да биде изработена од хоризонтално поставени квадратни тенки цевки, стакло, како и комбинација од квадратни тенки цевки со стакло.
Алуминиумската ограда Square e еден од најпопуларните алуминиумски оградни системи.
Round
Алуминиумска ограда Round со кружна форма на профилите и аксесоарите која е стилско решение за скали, балкони и галерии.
Исполната може да биде изработена од хоризонтално поставени кружни тенки цевки, стакло, како и комбинација од кружни тенки цевки со стакло.
Алуминиумската ограда Round e најекономичниот алуминиумски ограден систем.
Bodrum
Алуминиумска ограда со исполна од стакло. Модел кој може да се монтира и на високи објекти поради високите безбедности карактеристики како резултат на стаклото кое е вградено во исполната.
Можете да изберете еден од три модели на ракохвати и два модели на столбови според вашите преференции.
New Paris
Алуминиумска ограда со исполна од стакло, иновативен трапезоиден ракохват и хоризонтално поставени тенки цевки. Модел кој може да се монтира и на високи објекти поради високите безбедности карактеристики како резултат на стаклото и поставеноста на тенките цевки.
Изработенa од алуминиум со висок квалитет, оваа ограда не овозможува само елегантен и современ изглед, туку обезбедува и долготрајни перформанси. Присутноста на стаклени панели ја подобруваат визуелната привлечност и со транспарентноста одржуваат чувство на отвореност.
Glass
Алуминиумска ограда со стакло Glass претставува совршен спој на елеганција, сигурност и функционалност, создадена да го надополни секој современ простор.
Изработена од висококвалитетни алуминиумски профили или држачи, оваа ограда нуди исклучителна издржливост, отпорност на надворешни влијанија и беспрекорен изглед кој трае со години. Стаклените панели дополнително ја истакнуваат нејзината естетика, овозможувајќи максимална транспарентност и чувство на просторност без визуелни пречки.
Кај моделот Glass, стаклото има структурална улога, што овозможува изведба без вертикални столбови и создава чист, минималистички изглед. Овој систем може да се изведе со или без алуминиумски ракохват, во зависност од барањата и стилот на објектот.
Благодарение на своите високи безбедносни стандарди и цврстината на стаклената исполна, Glass е идеално решение како за станбени, така и за деловни објекти, вклучувајќи и повисоки објекти.
Со својот модерен дизајн и врвни перформанси, Glass алуминиумската ограда со стакло внесува префинетост, светлина и функционалност во секој простор.
Milas
Алуминиумска ограда Milas со исполна од вертикално поставени тенки цевки која претставува идеално решение за станбени и деловни објекти каде безбедноста е од особена важност. Благодарение на вертикалниот распоред на тенките цевки, моделот Milas нуди високо ниво на сигурност, што го прави особено погоден за монтажа на повисоки објекти.
Изработена од висококвалитетен алуминиум, оградата Milas не нуди само модерен и елегантен изглед, туку и исклучителна издржливост и долготрајни перформанси. Отпорна е на корозија и атмосферски влијанија, обезбедувајќи беспрекорен изглед и функционалност во текот на годините.
Milas Glass
Алуминиумска ограда со стакло Milas Glass е современо решение кое совршено ги обединува естетиката, издржливоста и функционалноста, создаваќи префинет изглед за секој простор.
Изработена од висококвалитетен алуминиум, оваа ограда обезбедува елегантен и модерен дизајн, како и долготрајна отпорност на надворешни влијанија. Стаклените панели внесуваат чувство на отвореност и пространост, овозможувајќи непречен поглед и дополнително нагласувајќи ја визуелната привлечност на објектот.
Благодарение на високите безбедносни карактеристики што ги нуди стаклената исполна, моделот Milas Glass е идеален избор и за објекти со поголема висина. Дополнителна предност на овој систем е можноста за вградување на подебели стакла, бидејќи ракохватот и профилот за стакло се изработени со пошироки канали, овозможувајќи поголема стабилност и уште повисоко ниво на сигурност.
Со својот минималистички дизајн и врвни перформанси, алуминиумската ограда со стакло Milas Glass претставува одличен избор за станбени и деловни објекти, внесувајќи совршен баланс помеѓу стилот и практичноста.
Alanya
Алуминиумска ограда со стакло Alanya, иновативно дизајнирана беспрекорно да комбинира стил, издржливост и функционалност за вашиот простор.
Изработенa од алуминиум со висок квалитет, оваа ограда не овозможува само елегантен и современ изглед, туку обезбедува и долготрајни перформанси. Присутноста на стаклени панели ја подобруваат визуелната привлечност и со транспарентноста одржуваат чувство на отвореност. Високите безбедносни карактеристики поради исполната од стакло овозможуваат овој модел да се монтира и на високи објекти.
Идеална за деловни и станбени простори, Alanya алуминиумската ограда со стакло воспоставува рамнотежа помеѓу стилот и функционалноста, подобрувајќи го целокупниот дизајн на секој простор.
Надоградете го вашиот објект со алуминиумската ограда Alanya – совршен спој на иновација, стил и практичност.

